Работнички успеа да оствари победа од 2:1 против Хонвед во првиот меч од првото квалификациско коло на Лига Европа, осигурувајќи дека ќе имаат предност на гостувањето во Будимпешта следната недела.
Работнички поведе во 33. минута преку Петар Петковски, кој доби одлична топка и го совлада голманот Гроф. Сепак, Хонвед успеа да постигне многу важен гол на гости во финишот на полувремето, откако Герг Наѓ шутираше од 30-тина метри.
Тимот на Ѓоре Јовановски, на крајот стигна до победа, откако во 60. минута, по нафрлањето на Стевановиќ, Николче Шаркоски постигна убав гол.
Фото: ФК Работнички