Top Sport

Рација во Наполи и Лил, се испитува трансферот на Осимен

Контроверзниот трансфер на Виктор Осимен од Лил во Наполи повторно е на насловните страници во Италија, по вестите дека полицијата влегла во канцелариите на претседателот на италијанскиот клуб, Аурелио де Лаурентис барајќи документи за трансферот.

Според „Ла републик“ и „Скај спорт Италија“, полицијата влегла во канцелариите на Наполи и на Лил во Неапол, Рим и Франција како дел од истрагата за трансферот кој официјлно чинеше 70 милиони евра и 10 милиони евра бонуси. Подоцна се утврди дека се префрлиле само 50 милиони евра, додека преостанатите 20 милиони евра биле проценети како четири фудбалери кои биле пратени во Лил – голманот Орестис Карнезис и тројца фудбалери од младинската школа на Наполи, Луиџи Лигури, Клаудио Манци и Чиро Палмиери.

Наместо да се преселат во Франција, тројцата млади фудбалери веднаш беа вратени на позајмица во италијански третолигаши и нивните договори година дена подоцна беа ослободени од своите договори. Фудбалерите потоа се пожалија на италијанските власти дека кариерите им биле уништени со трансферот, кој бил направен само вештачки да се зголеми економската вредност на двата тима.

Scroll to Top