Top Sport

Радамел Фалкао ќе му биде соиграч на Димитриевски во Рајо

Поранешната ѕвезда на Атлетико Мадрид и Манчестер јунајтед, Радамел Фалкао се враќа во шпанската Ла лига, откако пристигна во престолнината да потпише договор со тимот на Рајо Валјекано, каде што прв голман е репрезентативецот Столе Димитриевски.

35-годишниот колумбиски ветеран пристигнува во Рајо од Галатасарај, каде што играше последните три сезони, и е трето засилување донесено во последниот ден од преодниот рок за новиот прволигаш, по Никола Марас од Алмерија и Унаи Лопез.

Scroll to Top