Босанскиот фудбалер, Раде Круниќ откри дека плачел од среќа кога потпишал договор со фудбалскиот клуб, Милан. „Росонерите“ го доведоа од Емполи минатото лето и од тогаш за „црвено-црните“ одигра само 9 меча во Серија А.
„Плачев кога потпишав за Милан и бев сигурен дека сакам да дојдам тука. Навивачите се фантастични и секогаш е емотивно кога се игра на `Сан Сиро`. Благодарни се што давам се од себе“ – рече Круниќ.
Тој од почетокот на февруари е повреден, а кога ќе се продолжи сезоната, сигурно ќе му биде на располагање на тренерот Пиоли.
„Се надевам дека ќе можеме да продолжиме со тренинзите на 4 мај и повторно да тргне Серија А, во скратен рок. Не можам да дочекам повторно да играм“ – рече Круниќ.