Top Sport

Раде Круниќ уште три години во Милан

Фудбалерот од средниот ред на Милан и босански репрезентативец, Раде Круниќ, го продолжи договорот со клубот за уште три сезони.

Милан денеска објави дека ја продолжува соработката со Круниќ, а новиот договор ќе има важност до јуни 2025 година.

Круниќ дојде во Милано во 2019 година, оттогаш одигра 91 натпревар, а ги зачини со два постигнати гола и пет асистенции. На стартот од оваа сезона е повреден.

Scroll to Top