Top Sport

Радомир Антиќ се враќа на клупата на Србија?

Фудбалска бомба во Србија по најавата дека трофејниот тренер, Радомир Антиќ повторно се враќа на селекторската позиција во српската фудбалска селекција.

Навивачите кај нашиот северен сосед се на нозе, имаат желба Антиќ повторно да го видат на чело на „орлите“, но тренерот засега не открива ништо.

„Немојте, ве молам. Не знам ништо за тоа, не сакам ништо да коментирам“ изјавил кратко Радомир Антиќ за српски „Телеграф“.

Сениорската селекција остана без кормилар неодамна, по дуелот на Србија против Литванија. Сега веќе екс-селекторот доби отказ поради катастрофалниот пораз на репрезентацијата од Украина, 5-0.

Антиќ веќе ј водеше селекцијата на Србија низ квалификациите за Мундијалот во Јужна Африка 2010 година, по кој доби отказ од ФСС.

По авантурата на клупата на Србија, 70-годишниот Антиќ ги водеше кинеските тимови Хебеи и Шандонг, а од 2015 година е без ангажман.

Scroll to Top