Top Sport

Радрицани го продаде Лидс јунајтед за да ја купи Сампдорија

Андреа Радрицани се согласил да го продаде новиот англиски второлигаш Лидс јунајтед на амереиканска инвестициска групација, за да собере средства за да го купи новиот италијански второлигаш Сампдорија, јавуваат англиските медиуми.

Според „Дејли мејл“, договорот за продавање на Лидс на газдите на Сан Франциско 49ерс, „49ерс ентерпрајз“ е „тежок“ околу 170 милиони фунти и вклучува сопственост на стадионот „Ееланд роуд“. Оваа компанија веќе поседува 44 отсто од клубот, откако добија 15 отсто во 2018 кога Радрицани го купи Лидс од италијанскиот сонародник Масимо Челино за 44 милиони фунти.

Од друга страна минатата недела Радрицани го „заложи“ стадионот на Лидс како гаранција за купување на Сампдорија од страна на контроверзниот италијански бизнисмен, Масимо Фереро. Под водство на Радрицани,Лидс во 2021 се вратија во Премиерлигата по речиси две децении, но по само две сезони оваа сезона испаднаа во последното коло од Премиерлигата.

Scroll to Top