Севилја со уште една минимална победа го држи чекорот со лидерот во Примера, Реал Мадрид. На „Рамон Санчез Писхуан“, Севилја го победи Хетафе со голот на Рафа Мир.
Севилја доминираше во текот на целиот меч, играчите на Хулен Лопетеги упатија дупло повеќе удари и го имаа поседот во 2/3 од натпреварот. На крајот заслужено победија и ја прекинаа серијата на Хетафе од шест натпревари без пораз.
Мечот го реши мајсторскиот потег на Рафа Мир во 22.минута, кој постигна гол со голема помош на голманот Давид Сорија.
Севилја со натпревар помалку има пет бода помалку од Реал.