Рафиња потпиша едногодишно продолжување на договорот со Барселона, по што веднаш беше пратен во Селта Виго како позајмен фудбалер за 2019/20.
„Барселона и Рафиња се согласија на едногодишно продолжување на договорот до крајот на сезоната 2020/21. Покрај тоа, Барса и Селта Виго се согласија тој да игра за Селта во 2019/20, а Селта ќе ја исплати неговата плата од 1.5 милиони евра. Му благодариме на Рафиња за посветеноста и професионалноста“, се вели во соопштението на Барселона.
26-годишниот Рафиња бараше постојан фудбал и се веруваше дека ќе замине во Валенсија, но сега му се приклучува на поранешниот соиграч Денис Суарез. Рафиња играше за Селта како јуниор пред да се приклучи на славната академија на Барса, „Ла Масија“, пред Луис Енрике да му даде шанса во сезоната 2013/14.
ISTO
VAI
DE
CORAZÓN ?#RafinhaVolveaCasa #IstoVaiDeCorazón pic.twitter.com/hZApR0Eew9— RC Celta (@RCCelta) September 2, 2019