Top Sport

Рагник: Тимо Вернер сигурно ќе замине

Тренерот на РБ Лајпциг, Ралф Рангник признава дека Тимо Вернер најверојатно ќе замине од клубот ова лето и покрај тоа што во моментов нема понуда за германскиот репрезентативец.

23-годишниот Вернер направи трансфер од Штутгарт во 2016 година по што стана клучен играч на Лајпциг, а претходно беше поврзуван со трансфери во Баерн Минхен и Ливерпул. Тој има договор и за сезоната 2019/20, но веќе им кажал на првите луѓе на клубот дека нема да прифати ново продолжување, што значи дека клубот на Ред бул може да го продаде ова лето за убава сума, или следната година тој да замине без оштетување.

„Нашата позиција е ако тој не сака да го продолжи договорот, треба да го смени клубот.  А веќе ни кажа дека не останува. Прво мора да се договори со клуб и тој клуб да контактира со РБ Лајпциг, што досега се нема случено. Тимо имаше фантастичен развој со нас“, вели Рангник.

Последен меч на Вернер во дресот на Лајпциг може да биде финалето на ДФБ купот против шампионите Баерн Минхен на 25 мај.

Scroll to Top