Францускиот фудбалер, Пол Погба, се наоѓа во центарот на вниманието поради можноста до крајот на преодниот рок да го напушти Манчестер јунајтед.
Веќе неколку недели медиумите шпекулираат дека Погба може да се пресели во Барселона. На оваа тема се огласи и поранешниот играч на Манчестер јунајтед, Пол Сколс. Тој му порачал на Погба дека треба да го напушти клубот.
„Погба треба да си оди, неговото заминување нема да се почувствува на теренот“, рекол Сколс.
На изјавата жестоко, преку социјалната мрежа Твитер, реагираше менаџерот на Погба, Мино Раиола.
„Пол Сколс треба да биде новиот спортски директор на Јунајтед и да го советува Ед Вудворт да го продаде Погба. Би имале непроспиени ноќи да му најдат нов клуб на Погба“, напишал Раиола.
Paul Scholes should become sports director and advise Woodward to sell Pogba. Would be sleepless nights to find Pogba a new club @paulpogba
— Mino Raiola (@MinoRaiola) August 21, 2018