Top Sport

Раиола за трансферите на Погба, Де Лихт и Донарума: Декември е месец од соништата!

Се ближи јануарскиот преоден рок, па менаџерите почнаа да ја подигнуваат цената на своите играчи. Се чини дека махер за тоа е Мино Раиола.

Контроверзниот агент гостуваше на телевизија „Раи“ и таму го промовираше својот скапоцен каталог во кој најголемо внимание предизвика статусот на Пол Погба во Манчестер Јунајтед.

Договорот му истекува следното лето, а објективно не ја оправда цената од 105 милиони евра. Сигурно дека на „ѓаволите“ не им се исплати да го загубат без отштета, иако е често на удар на критиките. Одамна се зборува дека може да се врати во Јувентус, но се чини дека останува прашањето дали Старата дама има пари за таква акробација.

„Погба во Јуве? Декември е месец од соништата и не можам никого да го спречам да сонува за тоа. Сепак, подобро е да не зборуваме за тоа, се уште е рано“ вели Раиола.

Сепак, не е само Погба интересен периодов од сите кандидати на Раиола. Се шпекулира дека и Матијс Де Лихт може да ја промениме средината.

„Дали Де Лихт ќе остане во Јувентус или ќе замине? Ноември е, не е време да зборуваме за тоа. За тоа може да зборуваме во мај“ вели Раиола свесен дека договорот на Холанѓанецот истекува во 2024 година.

Договорот пак на Џанлуиџи Донарума истекува во 2026 година, но ерата на Италијанецот во ПСЖ не започна според очекувањата затоа што Покетино има поголема доверба во Кејлор Навас. Сепак Раиола е мирен затоа што Навас има 34, а Донарума 22 години.

„Не знам дали ротацијата со Навас е проблем, но сигурен сум дека се ќе се среди во позитивна насока за Донарума“ вели агентот.

Scroll to Top