Фудбалерите на Рајо Валјекано победија кај Валјадолид во рамките на 18.коло во Ла Лига. Екипата од „Валјехас“ освои значајни бодови во борбата за опстанок во лигата.
Натпреварот во Валјадолид гостите го реши по само 30 секунди игра, кога Алваро Медран го постигна единствениот гол.
Валјадолид пропушти неколку шанси за израмнување, а најсериозната не ја реализира Мичел, кој во 87.минута промаши пенал.
Рајо Валјекано сега се наоѓа на претпоследната позиција со 16 бода, додека Валјадолид остана на 21 бод и го држи 14.место.