Top Sport

Рајола: ФИФА е како комунистички диктатор!

Еден од најконтроверзните фудбалски агенти, Мино Рајола тргна во остар напад на ФИФА како претседател на Форумот на фудбалски агенти (ФАФ), сметајќи дека мора да има алтернатива на светската фудбалска организација.

Рајола вели дека тој и неговите колеги бараат пофер и појасни правила од ФИФА, но дека од таму доаѓаат само „директиви по избор“ споредувајќи ги со комунистички диктатор.

„ФИФА се однесува како комунистички диктатор кој кажува на луѓето што треба да прават во секој момент. Луѓето веќе го сфатија тоа, а ривалите се фронтални и транспарентни. Ние работиме со Швајцарската фудбалска асоцијација бидејќи сакаме да се бориме од тука, од нивното седиште. Бараме појасна ситуација за работа и ако ФИФА го сака тоа, тогаш совршено. Мора да се знаат правата, правилата и ќе зборуваме. ФИФА сега сама одлучува и тоа е смешно“, вели Рајола.

Рајола смета дека ФАФ мора да бара нова алтернатива.

„На фудбалот му е потребен втор систем. ФИФА денеска сака да биде сѐ – влада, носител на комерцијалните права, одредувач на правилата на игра, и тоа е невозможно. Зошто мора да земате дел од нашите пари? Во Европа се организираме со клубовите и нема проблем. Зошто морам да одам кај ФИФА ако имам разбирање со УЕФА? Затоа е доста. Не сме тука да се расправаме со ФИФА, туку да креираме втор систем, далеку од нив. Во Европа е можно тоа“, вели 52-годишниот Рајола.

Scroll to Top