Top Sport

Рајола го понудил Погба на Барселона

Според шпанскиот весник „Ел мундо депортиво“, супер-агентот Мино Рајола веќе им понудил шанса на Барселона да го донесат Пол Погба од Манчестер јунајтед по разочарувачката сезона на Французинот на „Олд Трафорд“.

По непостојаната сезона под Жозе Мурињо (во која честопати беше и на клупата), Погба игра далеку подобро на Светското првенство со Франција, но останува несреќен со својата улога во системот на Португалецот.

Според „Ел мундо“, Рајола бил во посета на тренинг-кампот на шпанските шампиони да зборува за повеќе млади играчи, по што ги изненадил со понудата на Погба, кој би бил добра замена за Андрес Иниеста. Барса беше заинтересирана за Французинот и во 2015 година, но тој остана во Јувентус, пред една година подоцна да се врати во Јунајтед.

Фото: ЕПА

Scroll to Top