Top Sport

Рајола го убедува Погба да замине во Реал Мадрид

Реал Мадрид се подготвени да му понудат на Пол Погба 12 милиони фунти годишна плата и бонус од 25 милиони фунти, а неговиот агент Мино Рајола „турка“ овој договор да се реализира и покрај понудата на Манчестер јунајтед за нов богат договор, тврди шпанскиот „АБЦ“.

Договорот на Погба со Јунајтед завршува на крајот на сезоната, така што тој веќе од јануари би можел да почне да преговара со својот следен договор што претставува шанса за Рајола да обезбеди скап трансфер во Реал Мадрид, за кој управата на „кралевите“ смета дека ќе ги зголеми шансите и Килијан Мбапе да пристигне во текот на летото за да игра со колегата од репрезентацијата.

Сепак, „АБЦ“ посочува дека Реал не се подготвени да влезат во игра со наддавање за услугите на 28-годишниот Погба, кој неодамна призна дека уште е рано да размислува за следната сезона, иако искажа љубов кон својот поранешен клуб, Јувентус.

Англиските медиуми, пак, претходно објавија дека Јунајтед подготвиле договор со 400.000 фунти неделна плата, со што би бил вториот најплатен фудбалер во клубот зад Кристијано Роналдо, но дека очекуваат конечен одговор до Нова Година, за да можат да побараат прикладна замена доколку Французинот замине..

Scroll to Top