Напаѓачот на Наполи, Лоренцо Инсиње во јануари ќе стане нов клиент на супер-менаџерот Мино Рајола, а неговиот клуб ќе ја крене неговата цена на фантастични 200 милиони евра, тврдат италијанските медиуми.
Според „Кориере дело спорт“, Инсиње конечно ги прифатил понудите на Рајола да го смени агентот, и да стане дел од елитната група на италијанскиот агент заедно со Пол Погба, Златан Ибрахимовиќ, Марио Балотели и Џанлуиџи Донарума.
Иако Рајола е познат по „изнудувањето“ на договори со клубовите и чести трансфери, поради што клубовите и фановите не се наклонети кон него, Рајола го убедил Инсиње дека нема да го тера да замине од градот каде што е роден Наполи.
Сепак, тој му додал на Инсиње дека ќе ја зголеми неговата „пазарна“ цена на 200 милиони евра, односно ќе добие подобри услови во обновениот договор со „партенопеи“.