Познатиот фудбалски менаџер, Мино Рајола, во интервју за „Атлетик“, проговорил за неговиот лош однос со челниците на Манчестер јунајтед.
Менаџерот на многу познати фудбалери, открил дека несогласувањата со луѓето од Јунајтед започнале уште во ерата на Алекс Фергусон, кога тој без обесштетување му дозволи на Пол Погба да се пресели во Јувентус.
Неколку години подоцна, Рајол, го врати Погба на „Олд Трафорд“..
„Само една работа ќе кажам. Кога замина фергусон го вратија Погба и признаа дека јас бев во право. Фергусон ен веруваше во Погба. Не ми е гајле што зборувал Фергусон за мене, ниту пак какво мислење за мене имаат во Манчестер јунајтед“, рекол Рајола и дополнил.
„Ме боли к.р, дали ќе некој мој фудбалер ќе стане играч на Манчестер јунајтед. Не ме поседуваат, јас сум независен. Се грижам само за моите фудбалери, додека тие се задоволни не ме интересира какво мислење имаат клубовите за мене“.