Агентот на Џанлуиџи Донарума, Мино Рајола смета дека тинејџерот мора да замине од Милан, по многубројните шпекулации за заминување во Реал Мадрид или Барселона, а можеби и Пари Сен-Жермен.
Наместо тоа, 19-годишниот голман потпиша продолжување на договорот со тимот од Серија А, договарајќи нов четиригодишен договор во јули. Рајола, кој не е во најдобри односи со директорот на Милан, Марко Фасоне и спортскиот директор Масимилијано Мирабели, вели дека Донарума треба добро да размисли за иднината.
„Џиџио направи избор да остане во Милан и го почитувам тоа. Ако ме праша да замине, тогаш веднаш ќе почнам да работам на тоа. Според мене, тој треба да си оди од Милано“, вели Рајола во интервју со „РАИ“.
Донарума, кој дебитираше во првиот тим на само 16 години, во декември изјави дека е среќен во Милан откако го одигра својот 100. натпревар за клубот, а во средата блесна во пенал-серијата против Лацио, бранејќи два пенали за Милан да се пласира во финалето на Копа Италија.