Top Sport

Рајола во војна со „Билд“ по вестите за конфликт со Погба

Мино Рајола го нарече германскиот весник „Билд“ шампион на лажните вести, откако тие тврдеа дека тој влегол во голем конфликт со Пол Погба по неговите коментари за наводната желба да замине од Манчестер јунајтед.

Рајола беше осуден од Манчестер јунајтед откако пред клучниот меч на „ѓаволите“ со РБ Лајпциг во ЛШ изјави дека приказната на Погба во клубот е „завршена“, и „Билд“ тврдеше дека ова го налутило Французинот.

„Шампиони за лажни вести, како секогаш, ‘Билд’ не разочаруваат и невозможно шират лажни вести“, напиша Рајола на Твитер.

Самиот Погба, кој се поврзува со враќање во Јувентус, на социјалните мрежи по дербито на Манчестер објави дека е „1.000 посто посветен на Јунајтед“.

Погба: Молчете кога не знаете што се случува

Scroll to Top