Деклан Рајс објаснува дека се решил да се приклучи на Арсенал поради желбата да работи со менаџерот Микел Артета кој е „вистинскиот човек за следниот чекор“ во неговата кариера, одбивајќи ги понудите од Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Арсенал.
Рајс, кој дојде од Вест хем, вели дека има целосна доверба во Артета, кој лани ги предводеше Арсенал до второто место во Премиерлигата.
„Зошто дојдов во Арсенал? Би морал да кажам дека е до менаџерот, до Микел. Од моментот ког го сретнав, знаев дека тој е човекот кој сакам да се грижи за следниот чекор во мојата кариера. Имав чувство дека Арсенал е вистинскиот клуб иако имаше други заинтересирани“, вели Рајс во интервју со поранешниот фудбалер на Челси, Џо Кол.