Ѕвездата на Вест хем, Деклан Рајс ги зголеми шпекулациите за можен трансфер во Манчестер јунајтед, откако призна дека ужива да игра на „Олд Трафорд“, иако неговите „чекани“ вчера загубија во драматичен меч со 1:0 со гол во последните секунди од мечот.
„Уживав. Секогаш кога доаѓам на ‘Олд Трафорд’ е така, секогаш сум велел дека ова е едно од моите омилени места за играње фудбал. Стадионот е неверојатен“, изјави 23-годишниот Рајс по мечот.
Според британските медиуми, преодниот менаџер Ралф Рангник веќе го посочил Рајс како едно од потенцијалните засилувања на средниот ред на „ѓаволите“, покрај Џуд Белингам од Борусија Дортмунд и Амаду Хајдара од РБ Лајпциг. 18-годишниот Белингам останува прва цел, но ќе биде тешко да се убеди да направи трансфер, така што Рајс станува поверојатна опција.