Top Sport

Ракитиќ ќе го пропушти дербито со Атлетико

Фудбалерот на Барселона, Иван Ракитиќ, три недели ќе биде надвор од тимот поради повреда на тетивата.

Ракитиќ се повреди во четвртокот додека ги бранеше боите на својата репрезентација во Лигата на Нации. Хрватска, во Загреб, ја победи Шпанија со 3.2.

Барселона ќе биде без Ракитиќ на натпреварите со Атлетико Мадриди и Виљареал во шпанското првенство и ПСВ Ајндховен во Лигата на шампионите.

Интересно, ова е најдолгата пауза на Ракитиќ откако во 2014 година од Севилја пристигна во Барселона. Поради повреди тој досега пропуштил само три натпревари за Барселона.

Хрватот за екипата од „Ноу Камп“ има одиграно 231 натпревар.

Scroll to Top