Top Sport

Ракитиќ: Ме продадоа стопати, па уште сум во Барса

Иван Ракитиќ се потсмеваше со последните шпекулации за неговата иднина во Барселона, инсистирајќи дека тој не бара трансфер и покрај тоа што влегува во последните 12 месеци од договорот со каталонскиот гигант.

32-годишниот поранешен хрватски репрезентативец беше поврзуван со враќање во Севилја, но и со трансфер во Интер, но тој вели дека иако има 299 настапи за Барса од 2014 година е задоволен во тимот.

„Веќе се навикнав. Тука сум шест години и шест години постојано ме продаваат. Морате да сфатите дека фудбалот не е само спорт и има нешто повеќе. Сите го знаеме тоа, треба да се разбере и понекогаш да се смееш. Се чувствувам добро, добивам одличен фидбек од тренерот и клубот и уште имам договор. Кога ќе потпишам договор, секогаш го исполнувам до крај. Ако тоа не може да се случи, ќе разговараме, но засега сум презадоволен“, вели Ракитиќ.

Scroll to Top