Севилја, утре, ќе ја пречека Барселона, во првиот полу-финален натпревар во Купот на Кралот. Во пресрет на натпреварот, во центарот на вниманието е поранешниот играч на Барселона, Иван Ракитиќ.
Поранешниот хрватски репрезентативец, минатото лето се врати во Севилја, откако со Барселона освои се што можеше да се освои.
Иако разделбата со клубот не беше пријатна, Ракитиќ, на новнарите им изјавил дека не да слави, доколку постигне гол.
„Нема да славам доколку постигнам гол. Некои работи таму не успеав да исполнам, но сеедно во Барса доживеав прекрасни моменти. Во Барселона ми се роди ќерка, имам многу прихатели во градот, многу од навивачите и понатаму ме поддржуваат. Чувствувам дека се уште сум врзан за тој клуб“, рекол Ракитиќ.