Top Sport

Ракитиќ побарал трансфер во Интер

Иван Ракитиќ, според „Газета дело Спорт“ побарал Барселона да му дозволи трансфер во Интер по завршувањето на сезоната.

Ракитиќ се решил на ваков чекор откако Барселона За наредната сезона, за сума од 75 милиони евра, го потпишаа талентираниот играч на Ајакс, Френки Де Јонг.

Холанѓанеџцот ќе му биде конкурент за местото во тимот на Ракитиќ, поради што Хрватот побарал трансфер.

„Со денови во Барселона се говори за незадоволството кај Ракитиќ. Сега е се познато, а експлозија предизвика името на клубот во кој тој сака да се пресели. Ракитиќ знае дека со доаѓањето на новите фудбалери полека го губи тлото под нозете. Тој сака да игра во клуб каде што ќе биде главен играч, а Интер може да му овозможи таков статус“, пишува „Газета дело Спорт“.

Времето ќе покаже дали има вистина во овие тврдења на тиражниот весник, бидејќи пред минатата недела најпрвин тренерот Ернесто Валверде, а потоа и менаџерот на фудбалерот изјавија дека Ракитиќ ќе остане во Барселона.

Scroll to Top