Хрватскиот репрезентативец, Иван Ракитиќ и покрај големиот интерес од страна на ПСЖ, реши да остане во Барселона. Францускиот шампион, на Барселона, за услугите на Ракитиќ најпрвин понудил 80 милиони евра, а потоа од Париз биле подготвени да ја активираат и откупната клаузула од 120 милиони евра, меѓутоа најпрвин клубот, а потоа и фудбалерот ги одбиле понудите.
„Горд сум што ќе останам во Барселона. Не постои тим во светот кој може да ми понуди повеќе од Барселона…и тука не станува збор за пари. Го послушав срцето, потоа и сопругата, а ми помогна и тренерот Валверде да ја донесам оваа одлука“, рекол Ракитиќ дополнувајќи дека не би се противел кога клубот би му ја зголеми платата.
„Искерно од повеќе пари никогаш ‘не боли глава’… Се надевам дека наскоро ќе ме повика претседателот на разговор“, рекол Хрватот за „Спорт“.
Иван Ракитиќ е играч на Барселона од 2014 година.