Иван Ракитиќ во јануари ќе ја напушти Барселона. Прашање е само каде хрватскиот репрезентативец ќе ја продолжи кариерата. Тој начесто се поврзува со клубови од Серија А, меѓутоа шпанските медиуми тврдат дека тој ќе остане во Ла Лига.
Со трансферот на Френки Де Јонг започнаа маките на Ракитиќ во Барселона. Остана без своето место во стартниот состав закован на клупата за резерви.
Хрватот не го крие незадоволството и самиот најави дека што поскоро сака да замине од „Ноу Камп“.
„Сакам да останам, сакам да освојувам титули, доколку тоа не е можно во Барселона, тогаш ќе се обидам на некое друго место“, рекол Ракитиќ.
Прашање е каде ќе оди. Антонио Конте не го сака во Интер, не му бил потребен таков профил на фудбалер, Милан немаат пари да го донесат, а Јувентус се обидуваат да го вметнат во трансферот Емре Џан, што на Барселона е и одговара.
Шпанските медиуми тврдат дека Атлетико Мадрид ќе испрата понуда за Ракитиќ. Диего Симеоне не бил задоволен од засилувањето Фернандо Љоренте, поради што клубот за Ракитиќ ќе понудел околу 40 милиони евра.
Наводно, доколку таква понуда пристигне во Барселона клубот ќе ја прифати.
Во прилог на ова оди и неодамнешната информација дека сопругата на Ракитиќ сакала да остане во Шпанија.