Хрватскиот репрезентативец, Иван Ракитиќ одамна е играч на Барселона, но сè уште ја има Севилја во срцето, ако се суди според последниот негов пост на Фејсбук.
Ракитиќ асистираше при 2:1 победата над Севилја во саботата навечер на „Ноу Камп“, но потоа ја постираше фотографијата на која е облечен како „косталеро“ од „Братството на Пињо Монтано“, квартот од каде доаѓа неговата сопруга.
Братствата во Севилја се познати по светата недела (неделата пред Велигден), период во кој над 70 братства парадираат низ центарот на градот, придружувани со музика. Дел од братствата минуваат по 14 часа на улиците на Севилја пред да се вратат во своите матични цркви.
Todos mis respetos y admiración a costaleros y cofrades de las hermandades de Sevilla #costalero #hermandaddepinomontano #regalo #gracias pic.twitter.com/8gq5tnkgpn
— Ivan Rakitic (@ivanrakitic) November 5, 2017