Новинарот на „Ел Чирингито“, Хосе Алварез, тврди дека капитенот Серхио рамос ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната. „Има 80-отсто шанси Рамос да го напушти Реал“, рекол Алварез во својата емисија.
Рамос има 34 години и договор со Реал кој истекува по завршѕвањето на сезоната. Досега двете страни не успеале да постигнат договор за продолжување на соработката.
Новинарот Алварез, во својата емисија, рекол декс Рамос добил исклулителна понуда од ПСЖ. Наводно „светците“ му понудиле самиот да одреди колку години и за која сума би играл за нив.