Top Sport

Рамос до крајот на годината ќе преговара само со Реал

Додека не ги заврши преговорите со Реал, капитенот Серхио Рамос, нема да стапи во контакт со други тимови. Договорот на Рамос со Реал истекува на крајот од сезоната. Тој очекува до крајот на годината да бидат дефинирани сите детали во новиот договор.

Приоритетот на Рамос е да остане во Реал, иако за него интерес покажале ПСЖ и неколку клубови од Премиер лигата. Капитенот од клубот бара договор на две сезони, барем засега Реал биле подготвени да ја продолжат соработката со него на една година.

Бидејќи постои интерес од други тимови, Рамос ветил, дека нема да влегува во преговори со нив сè додека не добие конечен одговор од Реал.

Scroll to Top