Top Sport

Рамос доби посебен подарок од Иниеста: Ќе ми недостасуваш, пријателу

И покрај сите „жалби“ за судењето, за не-фер играта во текот на „Ел Класико“ меѓу Барселона и Реал Мадрид, капитенот на „Лос бланкос“ покажа дека постои и пријелство меѓу фудбалерите на двата шпански гиганти.

Рамос по мечот го доби дресот на Андрес Иниеста, мега-ѕвездата на Барселона, за кого ова беше последен голем меч пред заминувањето од „Ноу Камп“ и најверојатната преселба во Кина. Рамос се пофали со дресот и со инспиративна порака.

„Покрај сѐ што се случуваше на теренот, минатата ноќ ќе биде одбележана и како ’Класико’ на Иниеста. Ќе ни недостасуваш, пријателу“, напиша Рамос.

Секоја чест.

Scroll to Top