Top Sport

Рамос ќе биде подготвен за Ел Класико

Серхио Рамос ќе биде подготвен за дербито со Барселона. Капитенот на Реал Мадрид, во саботата, одигра само едно полувреме во поразот од Кадиз (0:1).

Реал објави дека повредата на Рамос не е сериозна, но дека тој сепак ќе го пропушти првиот меч на Реал во Лигата на шампионите. „Кралскиот клуб“ утре ќе го пречека Шахтјор.

За разлика од Рамос дуелот со Барселона ќе го пропуштат Дани Карвахал, Алваро Одриозола и Мартин Едегард.

Реал утре од 18.55 ќе го пречека Шахтјор, а во сабота од 16 часот ќе гостува на „Ноу Камп“.

Scroll to Top