Top Sport

Рамос му „спушти“ на Ловрен (фото)!

„Војната“ на Серхио Рамос и Дејан Ловрен продолжува, без разлика дали се работи за вербалната војна или за војната на фудбалските терени како фудбалери на Реал Мадрид и Ливерпул или Шпанија и Хрватска.

Ловрен му замери на Рамос уште во финалето на ЛШ помеѓу Реал и Ливерпул во Киев, кога Рамос го повреди Мо Салах, а пред минатонеделната пресметка во Лигата на нации меѓу Шпанија и Хрватска, имаше доста „пецкање“, пред по мечот, Ловрен да ги нарече шпанските фудбалери, а посебно Рамос, обични „пи.ки“.

Сега, Рамос преку Инстаграм најде совршен одговор лајкнувајќи и споделувајќи линк на кој има фотографија на која тој како стои со трофејот од Лигата на шампиони, а Ловрен како плаче. Ја чекаме следната епизода.

 

View this post on Instagram

 

#SR4TheBest سيداتي سادتي… اقدم لكم #لوفرين المُتحارق. ??? يكفي او ازيد؟?

A post shared by R4I22 (@ramos4isco22) on

Ловрен за Рамос и шпанските фудбалери: Тоа се обични пи.ки

Scroll to Top