Серхио Рамос не се „штеди“ ова лето. Неколку дена откако се ожени со својата долгогодишна партнерка Пилар Рубио, капитенот на Реал Мадрид замина на туристичка авантура во Костарика, каде што го покажа својот авантуристички дух.
Покрај тоа што му беше на гости на својот соиграч, голманот Кејлор Навас, Рамос покажа и авантуристички дух, уживајќи во банџи скокови и возење со „зиплајн“.