Top Sport

Рамос: Не ја донесов јас одлуката за враќањето на Зидан

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, истакнал дека тој нема никаква врска со враќањето на Зинедин Зидан на клупата на „кралскиот клуб“.

Синоќа, Шпанија во Ла Валета ја победи Малта 2:0, во квалификациите за ЕУРО 2020, а по натпреварот Рамос одговарал на новинарски прашања.

Новинарите ги интересирало што мисли Рамос за враќањето на Зидан.

„Промените можат да донесат добри работи. Имавме прекрасни моменти со Зидан, убаво е што се врати дома. Неговото враќање е добра вест за сите играчи. Но тоа не е одлука што ја донесов јас, иако многумина мислат дека тоа е така. Капутен сум, доколку ме прашаат нешто ќе го кажам своето мислење. Никогаш не сум го наметнувал своето мислење, нити сум сакал да го правам тоа“, рекол Рамос.

Фудбалерите на Зинедин Зидан во наредната рунда во Ла Лига, в недела, ќе ја пречекаат Уеска.

Scroll to Top