Првиот гол на Реал Мадрид во куп-дуелот со Леганес во средата беше дело на капитенот Серхио Рамос од пенал, и беше негов 100. гол во кариерата, што претставува навистина импресивна бројка за еден дефанзивец.
„Јас сум горд дефанзивец. Мојата улога е да бидал централен бек и никогаш не беше моја задача да постигнувам голови, туку да ги спречувам. Затоа бројката од 100 гола е навистина посебна за мене, како и другите остварувања во мојата кариера. Ниту на сон не помислив дека еден ден ќе имам постигнато 100 гола“, напиша Рамос.
Рамос има 80 постигнати голови за Реал Мадрид, три за Севилја и 17 за шпанската репрезентација.