Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, веќе има легендарна репутација на безмилосен борец на теренот, човек за кого целта ги оправдува средствата. Тоа го дозна и Милан Хавел од тимот на Викторија Плзен.
Во еден дуел за топка, Рамос ја крена раката и го погоди Хавел директно во лице и младиот чешки фудбалер остана со крвав нос, а Шпанецот воопшто не доби ниту жолт картон.
Инцидентот се случи при 0:0, пред Реал Мадрид да стигне до 5:0 победа.
Ramos up to his tricks again ? pic.twitter.com/IhWStJC13W
— Shads ?? (@Shadders5) November 7, 2018