Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос неодамна го доби својот трет син Алехандро, и радосната вест ја искористи во својата улога како амбасадор на УНИЦЕФ во Шпанија да потсети на тие деца кои не се толку среќни.
„Денеска е среќен ден за нашето семејство бидејќи го добивме Алехандро. Знаеме дека имаме среќа, бидејќи во многу делови од светот, илјадници новородени деца не се толку среќни. Не смееме да заборавиме на децата кои умираат поради причини кои можат да се избегнат“, вели Рамос.
Според неодамнешниот извештај на УНИЦЕФ, секојдневно умираат неверојатни 7.000 новороденчиња, или 2.6 милиони годишно. Бебињата родени во Европа и во развиениот свет имаат 50 пати поголеми шанси да го преживеат раѓањето.
Повеќе од овие трагедии можат да се избегнат – 80 отсто случаи се поради предвремено рашање, компликации при раѓањето или инфекции.
„Сакам овој емоционален момент да го искористам да повикам на луѓето кои ја знаат реалноста да продолжат да го поддржуваат УНИЦЕФ и да почнеме да го спасуваме животот на бебињата“, додаде Рамос.
Alejandro ha nacido sano y estamos FELICES. No olvidamos a los niños que mueren por causas evitables. Por eso colaboramos con @unicef_es.
Alejandro has been born healthy. We can’t forget about the children that die due to causes that are avoidable.
? https://t.co/uDYd0BYloM pic.twitter.com/Q450qaeHtq— Sergio Ramos (@SergioRamos) March 28, 2018