Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос можеше да биде еден од трагичарите на реваншот против Баерн Минхен во полуфиналето од ЛШ, откако поради негова грешка Баерн поведе уште во третата минута, но на крај, Реал одигра 2:2 и патува по третпат во низа во големо финале (како прв клуб во историјата).
Рамос вели дека неговиот тим бил подобар од Баерн во двата меча и дека апсолутно заслужува да биде во финалето.
„Реал Мадрид заслужува да биде во Киев бидејќи белата ДНК те тера да се бориш до крајот. Сега ќе уживаме во финалето против силен противник. Луѓето нека зборуваат, ние нашето го кажавме на теренот. Горд сум на мојот тим, и знаевме дека можеме да стигнеме до овој успех. Баерн се цврст тим и повторно го покажаа тоа, но мислам дека двапати бевме подобри од нив во мечевите и дека одиме со крената глава во Киев“, изјави Рамос по мечот.
Hemos hecho historia.
Ahora queremos ser leyenda.
We wrote history again.
Now we want to become legends.#APorLa13 #HalaMadrid pic.twitter.com/LbakCmBwTp— Sergio Ramos (@SergioRamos) May 1, 2018
?¡Así ha celebrado el Real Madrid el pase a la final de la @ChampionsLeague! #Radioestadio pic.twitter.com/bpLN6tQur4
— Radioestadio (@Radioestadio) May 1, 2018
Бензема е неочекуваниот „спасител“ на Реал за ново големо финале (видео)