Top Sport

Рамос: Погба е добредојден во Реал

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, рекол дека квалитетни фудбалери каков што е Пол Погба биле добредојдени во „кралскиот клуб“. Погба цело лето се поврзуваше со реал, меѓутоа како што изјави претседателот на клубот, цента што ја поставиле од Манчестер Јунајтед била премногу висока.

Реал во летниот преоден рок вложија преку 300 милиони евра во нови играчи, поради што во клубот немаа пари за да му ја исполнат желбата на тренерот Зинедин Зидан и да го донесат Погба на „Сантијаго Бернабеу“.

„Мислам дека вратите на реал секогаш се отворени за добри играчи каков што е тој. Погба е еден од најдобрите играчи. Тоје поинаков покажа колку вреди во Јувентус, сега е во Манчестер Јунајтед. Тој ќе ви донесе баланс во тимот, има големо влијание во нападот и е во неверојатна физичка форма“, изјавил за британските медиуми Серхио Рамос.

Пол Погба поради повреда ги пропушти квалификациските натпревари на Франција против Албанија и Андора. Во Манчестер Јунајтед веруваат дека ќе биде подготвен за саботниот натпревар против Лестер во Премиер лигата.

Scroll to Top