Top Sport

Рамос: Потребна ни е победа во „Ел Класико“

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, пред натпреварот со Барселона рекол дека „на тимот му е потребна победа како никогаш досега“.

Изјавата која Рамос ја дал за „марка“ е разбирлива бидејќи во пресрет на „Ел Класико“ Барселона има 42 бода, 11 повеќе од Реал кој има и натпревар помалку.

„Сигурен сум дека ќе тоа ќе биде одличен натпревар. Не постојат зборови со кои можам да го опишам Ел Класико. Тоа е тотално различно од се друго, се работи за најважниот натпревар во светот. Императивот е да победиме, поради ситуацијата во која се наоѓаме. Ако сакаме да го освоиме првенството, а секако дека го сакаме тоа, мораме да победиме“, рекол Рамос.

„По освојувањето на Светското клупско првенство се наоѓаме во одлична форма, не само физички, туку и психолошки, што е поважно. Чувствуваме дека можеме да освоиме се“, рекол капитенот на „кралскиот клуб“.

Најголемото дерби на шпанскиот фудбал ќе се одигра в сабота на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид со почеток во 13 часот.

Scroll to Top