Top Sport

Рамос се потсмева со Стерлинг: Нема што да каже (видео)

Серхио Рамос не е најомилениот фудбалер во Англија, тоа е сигурно, посебно кај навивачите на Ливерпул по бруталниот фаул над Мо Салах во финалето на ЛШ во мај, но сега тој најде совршен начин да им врати на „провокациите“ со видео на „несреќниот“ Рахим Стерлинг.

По шокантниот 2:3 пораз во Севилја од Англија, Рамос беше обвинет за симулирање, да не кажеме „глумење“ по стартот на Ерик Даер, фаќајќи се за главата, иако рака на срце, лизгачкиот старт беше импресивен.

Сега, два дена по натпреварот, тој им одговори на Англичаните со навистина бизарно видео во кое ѕвездата на Манчестер сити, Рахим Стерлинг се фаќа за ногата дури откако судијата почнува да го гледа.

„Нема што да се каже“, вели Рамос на шпански и на англиски јазик.

Scroll to Top