Top Sport

Рамос се враќа во Мадрид: Ќе се борам за ПСЖ до смрт!

Реал Мадрид и ПСЖ ќе играат меѓу себе во осминафиналето на ЛШ што значи дека поранешниот капитен на „Кралевите“ – Серхио Рамос во дресот на новиот клу ќе се врати на „Сантијаго Бернабеу“.

„Прво го извлековме Манчестер Јунајтед, повеќе сакав така да остане, но враќањето на `Бернабеу` е причина за среќа. Не стигнав да се простам од навивачите поради коронавирусот. Судбината знае така да се пошегува, знаете што чувствувам за Реал Мадрид, знаете дека го сакам клубот“ рече Рамос кој 16 години помина во Кралскиот клуб.

Сепак, потврди дека на двобојот ќе му пристапи максимално професионално.

„Сега сум во ПСЖ и мојата работа е да го бранам клубот. Тоа е клубот кој се коцкаше кога ме ангажираше и за него ќе се борам до смрт“ вели Шпанецот.

Scroll to Top