Top Sport

Рамос со „допир“ до рамото на Салах (видео)

Капитенот на Реал Мадрид во мај успеа да го „собори“ Мохамед Салах и да му го повреди рамото, а во четвртокот при ждрепката за Лигата на шампионите, повторно имаше „контакт“ со египетскиот фудбалер, допирајќи му го рамото кое му го повреди откако ја доби наградата за најдобар дефанзивец во ЛШ минатата сезона.

Околу тоа дали Рамос во финалето на ЛШ против Ливерпул имаше намера да го повреди голгетерот на англискиот тим се пишуваше многу, и останува на интерпретација на фановите и гледачите.

Но, УЕФА очигледно имаше „сенс“ за кревање на тензија откако го постави Рамос да седи веднаш зад Салах, и откако тој ја доби наградата, се врати на седиштето, и го допре по истото рамо кое му го повреди во Киев. Салах не реагираше, туку остана со погледот напред.

Рамос: Таков е фудбалот, ти посакувам брза рехабилитација

Scroll to Top