Top Sport

Рамос: Судбината на тренерот не е во наши раце

Реал Мадрид минува низ тежок период. Четири натпревари „кралскиот клуб“ нема победа, а поразителен е податокот дека играчите на Реал на тие натпревари не постигнале ниту еден гол. Три децении Реал не е наоѓал во ваква ситуација.

Последното разочарување Реал го доживеа во саботата, на гостувањето кај Алавес. Ману Гарсија го совлада Тибо Куртоа во 95.минута и на својот тим му ја донесе првата победа во дуелите со „кралскиот клуб“ уште од 6.мај 2000 година.

На сите им е јасно дека тимот е во криза и дека позициите на тренерот Хулен Лопетеги се сериозно разнишани. Во спортските клубови во Шпанија се коментира дека Лопетеги веќе ќе добиел отказ, доколку клубот имал било каква алтернатива.

Она што е добро за тренерот е тоа што тој се уште ја има довербата на играчите предводени од капитенот Серхио Рамос.

„Понекогаш е добро да го смените тренерот, некогаш тоа не е добро решение. Мислам дека во овој случај е рано да се говори на таа тема. Од друга страна одлуката за тоа не ја носат играчите. Други луѓе ги носат одлуките, но мислам дека би било глупаво доколку сега му врачата отказ. Ние знаеме дека мораме да играме подобро и токму тоа и го сакаме. Сите што на долги патеки ќе го отпишат Реал не се во право. Трпение ќе ве молам“, рекол Рамос.

Инаку, во Шпанија се шпекулира дека мечот што ќе ја одреди судбината на Лопетеги е оној против Барселона на 28.октомври.

Scroll to Top