Top Sport

Рангник добил предупредување – Јунајтед да биде барем во Лига Европа!

Иако амбициите на Манчестер јунајтед беа оваа сезона да се надгради второто место од 2020/21 и да се вклучат во борба за титулата, сега преодниот менаџер Ралф Рангник добил предупредување дека најважно е „ѓаволите“ да играат било каков европски фудбал следната сезона, јавува „ЕСПН“.

Со поразот од Евертон во саботата, Јунајтед се на седмото место на табелата, шест поени зад Тотенхем на четвртото место на седум меча пред крајот. Иако дел од медиумите шпекулираа дек Рангник ќе добие дозвола да го ротира составот во последните мечеви и да даде шанса на младите фудбалери од академијата, според „ЕСПН“ тој добил предупредување дека приоритет е обезбедување на европски фудбал, дури и тоа да е Лига Европа или Конференциската лига.

Ерик Тен Хаг, наводно, веќе е договорен да го преземе тимот, и би му било полесно следната сезона да нема европски обврски, но ударот на финансиската состојба на клубот, иако не би била катастрофална, секако би била непожелна.

Scroll to Top