Top Sport

Рангник ги убедил Јунајтед летово да тргнат по Нкунку

Манчестер јунајтед го додадоа Кристофер Нкунку на својата летна „шопинг-листа“, откако преодниот менаџер Ралф Рангник ги убедил да тргнат по фудбалерот од средниот ред на РБ Лајпциг, тврди „ЕСПН“.

Јунајтед, кои уште треба да донесат постојан наследник на поранешниот менаџер Оле Гунар Солскјер, ја идентификувале средината на теренот како најголем проблем на тимот со очекувања дека Пол Погба ќе замине како слободен агент на крајот на сезоната.

24-годишниот Нкунку има 19 гола и 13 асистенции во 31 настапи за Лајпциг оваа сезона и се смета за еден од најдобрите фудбалери во Бундеслигата. Тој до 2019 беше фудбалер на Пари Сен-Жермен, пред да потпише за Лајпциг, каде што Рангник беше спортски директор, а за него има интерес и во Реал Мадрид, Ливерпул и Арсенал. Тој има договор со клубот до јуни 2024 година.

Scroll to Top