Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник го претставуваат како вљубеник во англискиот фудбал, но Германецот признава дека не знаел дека има големо ривалство со Лидс јунајтед до минатата недела.
Јунајтед денеска гостуваат на „Еланд роуд“ во таканареченото „Дерби на Пенините“ (по планината која ги разделува двата града), во меч кој може да има големо значење за надежите на „ѓаволите“ за топ 4 пласман, во старо ривалство кое беше прекинато повеќе од една деценија по испаѓањето на Лидс во Чемпионшип.
„Моите играчи се подготвени и имаат искуство и ова нема да биде првпат да има полн стадион со навивачи кои не не сакаат толку многу. До пред една недела не заев дека ова е едно од најголемите ривалства во Премиерлигата, секогаш мислев дека тоа се мечевите со Ливерпул и Манчестер сити, но не е важно. Најважно е да освоиме три поени кои ни се потребни во борбата за четвртото место“, вели Рангник.