Австрискиот селектор, Ралф Рангник јасно вели дека не би бил заинтересиран да го наследи Ханси Флик на чело на германската репрезентација ако таа работа му биде понудена.
Германската фудбалска федерација (ДФБ) е во потрага за нов селектор на девет месеци до домашното Европско првенство следното лето, откако му дадоа отказ на Флик по само 12 победи во 25-те меча на чело на репрезентацијата и елиминација во групната фаза на СП во Катар. Поранешниот преоден менаџер на Манчестер јунајтед не е заинтересиран.
„Нема шанси. Одлучив пред 14 месеци да работам како селектор на Австрија, да го подготвувам тимот за квалификација на Еуро 2024 и за мене нема дополнителна опција“, вели Рангник.
Јирген Клоп е фаворитот на германската федерација, но тешко дека ќе го убедат да си замине од Ливерпул, додека слободни се Оливер Глазнер, поранешниот тренер на Ајнтрахт Франкфурт, како и Јулијан Нагелсман, кој доби отказ од Баерн Минхен во март.